2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple“ следната година ќе претстави „iPad“ на преклоп

„Apple“ следната година ќе претстави „iPad“ на преклоп

Добро познат аналитичар на екосистемот на „Apple“ ни носи нови информации кога станува збор за „iPad“.

Аналитичарот Мингчи Куо тврди дека „Apple“ не планира да претстави нов „iPad“ пред 2024-та година. Тој вели дека нема да има нови најави за таблети во следните девет до 12 месеци.

Првиот што ќе биде пуштен во продажба ќе биде „iPad mini“, кој ќе биде во масовно производство во текот на првиот квартал од 2024-та година.

Куо, исто така, истакнува дека во текот на 2024-та година ќе се појави и „iPad“ на преклопување, а најголем придонес ќе има „Anjie Technology“ – производителот кој ќе го создаде држачот од јаглеродни влакна.

Се предлага и модел со флексибилен панел од 20,25 инчи, кој би ни дал огромен уред кој е непријатен во споредба со стандардните преносливи таблети.

Неколку извори споменуваат дека новите таблети „iPad Pro“ ќе имаат OLED панели и малку поголеми дијагонали (11,1 инчи и 13,1 инчи). Во декемврискиот извештај се споменува и 16-инчен „iPad“, но останува да се види дали тој ќе се појави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП