27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Facebook“ пред нов скандал!

„Facebook“ пред нов скандал!

Паметните телефони се незаменлив дел од нашите животи и секој ден се повеќе се потпираме на нив. Но, една од компонентите што производителите сè уште не ја подобриле значително е батеријата.

На траењето на батеријата значително влијаат апликациите што се користат во телефонот, но се вели дека две апликации што ги користат голем број луѓе свесно побрзо ја трошат батеријата на корисникот.

Џорџ Хејворд, поранешен вработен во „Facebook“, неодамна објави интересна информација, која може да прерасне во скандал.

Имено, тој наведува дека „Facebook“ и „Messenger“ имаат можност намерно побрзо да ги трошат батериите на паметните телефони на корисниците. Овој процес, наречен „Негативно тестирање“, им овозможува на технолошките компании тајно да ја трошат батеријата на телефонот на корисникот за да тестираат различни функции во апликацијата.

Поранешниот вработен во „Facebook“, кој наводно одбил да ги направи овие тестови, изјавил дека во разговор со претпоставениот рекол дека „ова може некому да му наштети“, на што тој наводно одговорил дека „ако повредиме неколкумина, можеме да помогнеме на пошироката маса“.

Хејворд, кој набрзо бил отпуштен, поднесе тужба против „Meta“ пред федералниот суд на Менхетен. Главната причина што ја наведе е тоа што корисниците на „Facebook“ можеби немаат пристап до нивните телефони кога им се најпотребни.

Неговиот адвокат изјави дека намерното побрзо празнење на батеријата на паметните телефони на корисниците е опасност за нив и дека е незаконско и безобразно тоа што некој може да манипулира со батериите на нашите телефони.

Хејворд изјави дека, врз основа на внатрешните документи за обука за „Негативни тестови“, можел да заклучи дека компанијата има спроведено слични тестови во минатото.

Oд „Meta“ сѐ уште не се изјасниле во врска со ова прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП