28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија на високото 85. место на најновиот Индекс на перцепција на корупцијата...

Македонија на високото 85. место на најновиот Индекс на перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнал

Во најновиот извештај на Транспаренси интернешнл, Corruption Perceptions Index, Македонија се најде на 85. место.

Според Транспаренси интернејшнал главен проблем се наведува недостигот на интегритет при избор на клучни фигури во судството и неефикасното водење на тековните случаи против корупција кое ги поткопува напорите за решавање на проблемите.

Македонија е една од најлошите држави во регионот според перцепцијата на корупција. Пред Македонија на листата се наоѓаат Словенија (41.), Грција (51.), Хрватска (57.), Црна Гора (65.), Бугарија (72) и Косово (84). Полоши на листата се само Србија и Албанија (101) и Босна и Херцеговина (110 место).

Данска, Финска и Нов Зеланд повторно се најдоа на врвот на листата како најмалку корумпирани држави во светот. Данска е прва со 90 поени од можни 100, додека Финска и Нов Зеланд го делат второто место со 87 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП