26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШто подготвува Audi? (ФОТО/ВИДЕО)

Што подготвува Audi? (ФОТО/ВИДЕО)

Следните неколку години ќе бидат преодни за „Audi“ додека се движи кон целосна електрификација, со серија на почетни електрични возила кои пристигнуваат заедно со новите модели со мотори со внатрешно согорување.

Во изјава за „Auto Express“, шефот за дизајн на компанијата, Марк Лихте, рече: „Работиме на електрични возила и наследници на моделот со „SUS“ мотори. Ќе го видиме најголемото претставување на производи во историјата на „Audi“ со повеќе од 20 автомобили во следните две и пол години“.

Се разбира, многу од нив ќе бидат деривати во рамките на основните моделски линии, но ќе видиме промени во целото портфолио и нови чисто електрични „Audi“ во следните три години.

Претстојната „PPE“ платформа на компанијата (ко-развиена со „Porsche“) ќе ја формира основата. Архитектурата од 800 V овозможува брзо полнење до 270 kW, со големи батерии од 100 kWh кои се очекуваат за врвни варијанти. Ова треба да обезбеди повеќе од 400 милји (644 km) досег со едно полнење за одредени модели во опсегот.

Купувачите ќе имаат избор на опции за еден или двоен мотор со „Quattro“ погон на сите тркала, а „RS“ изданијата ќе бидат на врвот на гамата.

Според Лихте, овие предводници ќе го адаптираат вокабуларот за дизајн на електричните возила на брендот со мускулест изглед што му доликува на „RS“.

„За мене, „RS“ е комбинација од перформанси, функционалност и став. Го сакам „RS 6“ поради широката патека на тркалата и можам да ви ветам дека ова ќе продолжи со нашите електрични возила. Ова може да се види во концептниот автомобил „e-tron GT“,тој автомобил покажува за што зборувам овде“, вели Лихте.

Водечкиот луксузен седан на „Audi“ ќе биде презамислен како „EV“, во форма на „A8 e-tron“. Тој во голема мера ќе се потпира на концептот „Grandsphere“ базиран на „PPE“, иако со поконвенционална кабина во споредба со концептниот автомобил.

Се очекуваат и електрични верзии на другите основни модели, иако „Audi“ ќе лансира нови варијанти на мотори со согорување покрај овие, од кои последната ќе влезе во производство во 2025-та година.

И покрај поскапите електрични погонски единици, компанијата ветува дека ќе ги задржи цените на своите електрични возила во широка линија со нивните еквиваленти со конвенционален погон, кои ќе бидат помалку авантуристички во нивниот дизајн.

„Многу е полесно да се применат елементи од автомобили како „Activesphere“ на „EV“ платформи. Електричните платформи ни даваат поголема слобода, а „SUS“ автомобилите ќе бидат потрадиционални“, вели Лихте.

Инженерите на „Audi“ исто така ги разгледуваат плановите за евентуален луксузен теренски теренец кој би можел да се појави во 2027-ма година и да се натпреварува во сегментот што сега ги вклучува „Land Rover Defender“ и „G“ класата на „Mercedes“.

Според Марк Лихте, платформата за новиот модел би можела да биде позајмена од неодамна објавената сестринска марка „Scout Motors“ на групацијата „Volkswagen“, која во моментов развива електрични концепти и прототипови.

„Мислам дека има простор за солиден теренец во поставата на „Audi“. Има потенцијал бидејќи има само двајца премиум играчи во овој сегмент“ („Mercedes“ и „Land Rover“) и мислам дека има простор и за трет“, додава Лихте.

Тој модел, вели Лихте, „нема да изгледа како „G-Class“ или „Defender“, можам да ви ветам. Ќе биде нешто друго“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП