4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДа, наскоро пристигнува и „Coca-Cola“ телефон

Да, наскоро пристигнува и „Coca-Cola“ телефон

Веќе некое време кружат гласини дека „Coca-Cola“ соработува со одредена компанија за производство на телефон кој ќе го носи името на познатиот бренд. Сега новите информации ги потврдуваат тие гласини.

„Свиркачот“ Мукул Шарма на Твитер објави дека телефонот со брендирање на „Coca-Cola“ ќе биде пуштен во продажба од овој квартал, а тоа и во Индија.

Не е познато која компанија е задолжена за создавање на телефонот, иако веб-страницата „91mobiles“ тврди дека уредот неодоливо потсетува на „Realme 10 4G“.

Ако ова е вистина, можеме да очекуваме телефонот на „Coca-Cola“ да има 6,5-инчен AMOLED дисплеј со стапка на освежување од 90 Hz, а ќе се напојува од MediaTek Helio G99 чипсет со 8GB RAM и дополнителни 8GB виртуелна RAM.

Кога станува збор за камерите, се очекува сензор од 50 MP на задната страна и селфи камера од 16 MP. Има и 3,5 милиметарски приклучок за слушалки и аудио поддршка со Hi-Res.

Другите карактеристики што може да ги има телефонот на „Coca-Cola“ вклучуваат USB-C порта, батерија од 5000 mAh со полнење SuperVOOC од 33 W и мобилно поврзување 4G.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП