19 април, 2024
ПочетнаСВЕТСедум загинати во вооружен напад во источен Ерусалим

Седум загинати во вооружен напад во источен Ерусалим

Во напад во источен Ерусалим оваа вечер, седум лица загинаа, а уште најмалку пет се ранети кога вооружен напаѓач отвори оган во близина на синагога и потоа беше убиен, соопштија израелската полиција и службите за итни случаи, јавуваат израелските медиуми.

Нападот се случил во еврејската населба Неве Јаков по вчерашната смртоносна рација на окупираниот Западен Брег во која беа убиени девет палестинци, а уште еден беше убиен малку подоцна недалеку од Ерусалим, јавува АП.

Израелската брза помош Црвена Давидова звезда соопшти дека ги лекува ранетите во денешниот напад и дека некои се во критична состојба.

Израелската полиција соопшти дека голем број полициски сили биле на местото на нападот.

Според прелиминарните информации, станува збор за терористички напад, јавија израелските медиуми.

Во меѓувреме полицијата трага по можни соучесници на напаѓачите. Пиштолот од кој пукал бил пронајден на местото на нападот. Полицијата веднаш не соопштува други детали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП