28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААко имате Samsung Galaxy, веднаш ажурирајте го Galaxy Store!

Ако имате Samsung Galaxy, веднаш ажурирајте го Galaxy Store!

Истражувачите од „NCC Group“, која се занимава со сајбер безбедност, открија пропусти во апликацијата „Galaxy Store“, која е составен дел на телефоните „Galaxy“.

Сите корисници на телефони „Galaxy“ треба да го надградат својот телефон на најновата верзија на апликацијата „Galaxy Store“ што е можно поскоро за да избегнат да се соочат со непотребни проблеми.

„NCC Group“ откри одредени безбедносни проблеми во апликацијата „Galaxy Store“ на „Samsung“ помеѓу 23.11.2022 година. и 03.12.2022 година.

Овие проблеми или безбедносни пропусти им овозможија на потенцијалните хакери да инсталираат која било апликација од „Galaxy Store“ на „Galaxy“ телефон без знаење на корисникот.

Во извештајот се наведува дека, во зависност од тоа што потенцијалниот хакер има на ум, безбедносен пропуст во апликацијата „Galaxy Store“ може да овозможи пристап до личните податоци на корисниците. Така, на пример, хакер може да постави злонамерен софтвер во одредена апликација, а потоа да го инсталира на „Galaxy“ телефонот без знаење на корисникот. После тоа, корисникот би добил конкретна врска во рамките на апликацијата до која би пристапил преку „Google Chrome“. На крајот, ова може да доведе до сериозни безбедносни проблеми.

Во извештајот на „NCC“, меѓу другото, се наведува дека уредите што користат „Android 12“ или постар оперативен систем се особено ранливи.

„NCC“ наведе дека кодот на безбедносниот проблем е „CVE-2023-21433“, но дека не е возможно тоа да се случи на „Android 13“, благодарение на безбедносните карактеристики кои се дел од најновата верзија на мобилниот оперативен систем на „Google“.

Исто така, последно и најважно, „Samsung“ објави надградба на „Galaxy Store“ верзијата 4.5.49.8, која ги поправа безбедносните пропусти споменати погоре. Доколку поседувате телефон „Galaxy“, треба што поскоро да ја ажурирате апликацијата „Galaxy Store“, за да не наидете на непотребни проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП