4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААстероид 2023 BU: Карпесто небесно тело ќе прелета покрај Земјата, поблиску од...

Астероид 2023 BU: Карпесто небесно тело ќе прелета покрај Земјата, поблиску од некои сателити

Астероид со големина на камион вечерва ќе помине покрај Земјата во една од најблиските средби со небесните тела досега, објави USA Today.

НАСА во средата соопшти дека не постои ризик астероидот со име 2023 BU да удри на Земјата.

Се очекува да помине околу 3.500 километри над јужниот дел на Јужна Америка, што е околу 10 пати поблиску од некои комуникациски сателити.

Дури и да постои ризик од удар на астероид на Земјата, „тоа би се претворило во огнена топка и ќе се распадне во атмосферата, но некои поголеми парчиња потенцијално би можеле да паднат како помали метеори“, додава НАСА.

Астероидот ќе биде најблиску до Земјата вечерва во 01:27 часот, а го откри аматерскиот астроном Генадиј Борисов, од опсерваторијата на Крим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП