24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрогнози на ОН: Глобалниот економски раст ќе се намали на 1,9 отсто...

Прогнози на ОН: Глобалниот економски раст ќе се намали на 1,9 отсто оваа година

Прогнозите на Обединетите нации покажуваат дека глобалниот економски раст значително ќе се намали на 1,9 отсто оваа година, како резултат на кризата со храна и енергија предизвикана од војната во Украина, последиците од пандемијата на Ковид, високата инфлација и вонредната состојба со климатските промени.

Одделот за економски и социјални прашања на ОН објави дека актуелното глобално економско забавување ги „погодило развиените и неразвиените земји, додека многумина се соочуваат со ризик од рецесија во 2023 година“, објави АП.

„Широко и сериозно забавување на глобалната економија делува големо поради високата инфлација, агресивното монетарно стегање и зголемената несигурност“, рече генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во предговорот на извештајот од 178 страници.

Во извештајот се наведува дека прогнозата за економски раст од 1,9 отсто, што е помалку од три отсто во 2022 година, е едно од најниските нивоа на економски раст во претходните децении.

Сепак, се проценува умерен пораст до 2,7 проценти во 2024 година, доколку инфлацијата постепено почне да се намалува и економските шокови почнат да стивнуваат.

Според извештајот на ОН, овогодинешниот „раст е ослабен во САД, ЕУ и другите развиени економии, како и остатокот од светската економија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП