19 април, 2024
ПочетнаСВЕТЗошто тенковите Леопард се толку моќни? „Се работи за сензори, се работи...

Зошто тенковите Леопард се толку моќни? „Се работи за сензори, се работи за вмрежување во целиот разузнавачки и команден систем“

Полска официјално побара од Германија дозвола да ги испрати своите тенкови Леопард 2 во Украина. Неофицијално се споменува дека одобрението би можело да дојде веќе оваа недела. А плановите за испраќање тенковите Абрамс ги финализира Белата куќа.

Моќниот германски тенк Леопард 2 моментално е блиску до врвот на листата на желби на украинската воена и политичка елита. Првите модели беа произведени на крајот на 70-тите години на минатиот век. Во меѓувреме, Леопард 2 претрпе неколку модернизации. Експертите го сметаат за еден од најдобрите тенкови во светот, особено во најновата верзија.

Не можете да дојдете во ситуација да пукате во него со руски тенк и тоа најнов. Значи се работи за сензори, се работи за негово вмрежување во целиот разузнавачки и команден систем, објаснува хрватскиот воен аналитичар Ивица Мандиќ.

Досега се произведени повеќе од три и пол илјади примероци од Леопард 2. Во својот арсенал го имаат голем број европски земји и затоа овој тенк е релативно лесно достапен за Украина.

-Она што треба да го знаете е дека обуката на украинските тенковски екипажи започнала одамна. Веќе почна во Полска и сега зависи од бројот на тенкови. За споменатата бројка, 300 тенкови, тоа се околу три оклопни бригади… Мислам дека сите тенкови ќе бидат подготвени за пролетната офанзива, истакнува Мандиќ.

Меѓутоа, за да може Киев да добие леопарди од која било земја, потребно е претходно германско одобрение. А Берлин ја условува таа одлука со американското испраќање тенкови Абрамс. Иако Абрамс е исто така одличен тенк, тој може да претставува логистички проблем за Украина. За разлика од Леопард, кој користи дизел гориво, Абрамс користи авионско гориво. Но, веројатно, за да го смири Берлин, Белата куќа ги финализира плановите за испраќање на своите тенкови во Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП