20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКристијано Роналдо го нарача новото LaFerrari

Кристијано Роналдо го нарача новото LaFerrari

Laferrari

Доколку го следите меѓународниот фудбал, тогаш со сигурност знаете дека Кристијано Роналдо неодамна потпиша нов договор со Реал Мадрид со кој ќе заработува 21 милион евра годишно.

Португалецот е голем љубител на моделите на Ферари, па потпишувањето на новиот договор го прославил со уплата на аванс за новиот „LaFerrari“. Гласините се многу прецизни, затоа што се наведува и која боја Кристијано ја има избрано, а станува збор за сината. Се тврди дека тој автомобилот го порачал преку португалското претставништво на Ферари, а испораката е закажана за почетокот на наредната година.

Па така играчот на мадридскиот тим ќе може да ужива во суперавтомобилот со 6.3 литарскиот V12 мотор и „KERS“ единицата наречена „HY-KERS“. „LaFerrari“ има 950 KS и 900 Nm вртежен момент, што ќе му овозможи максимална брзина од 350 km/h, додека за забрзувањето до „стотка“ му е потребно помалку од три секунди.

„LaFerrari“ е првиот модел на компанијата од Маранело уште од контроверзниот „Dino 308 GT“ од 1973-та, за чии дизајн не се потпишува „Pininfarina“.

Кога започна нарачувањето на „LaFerrari“, шефот на компанијата, Лука Ди Монтеѕемоло потврди дека идните сопственици треба да исполнат еден услов, а тоа е во своја сопственост да имаат пет модели на Ферари. Роналдо досега е веќе гледан со две различни возила од моделот „599 GTB“ (oд кои едниот го има уништено), како и со „575“ и „599  GTO“. Можеби тој некаде крие уште една „458 Italiа“ или „Californiа“?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП