19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој добива највисока нето-плата во Македонија

Кој добива највисока нето-плата во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС) највисока просечна нето-плата во земајава добиваат во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности. Во ноември 2022 година програмерите и останатите во ИТ индустријата земале во просек нето-плата на износ од 84 018 денари. Потоа следат од секторот Воздухопловен транспорт со просечна нето-плата од 63 289 денари, а по нив следат од секторот Останати стручни, научни и технички дејности со 53 243 денари нето-плата.

Најнико платени се во секторот Заштитни и истражни дејности со 18 294 денари, потоа следат од секторот Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата со 20 653 денари и од секторот Производство на кожа и слични производи од кожа со 21 764 денари нето-плата.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2022 година, изнесува 33 011 денари.

Податоците за Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, ноември 2022 година можете да ги видите тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП