Претседателот Стево Пендаровски го упати шефот на бугарската дипломатија, Николај Милков да прошета до Ваташа, каде е извршен масакарот на 12 млади лица во 1943 година. Ова доаѓа по изјавата на Милков кој кажа дека во Македонија се враќа традицијата на палење, стрелање и насилство врз луѓе. Пендаровски посочи дека изјавата е грозна.
„ Во однос на изјавата на господинот технички министер за надворешни работи… Тоа е прилично грозна изјава.. Вели: ‘Во Македонија се враќа традицијата на колежи, стрелање и насилство’. Единствено таа изјава може да биде точна ако мисли на периодот ‘41-’44 (окупацијата на Бугарија врз Македонија*). Кога техничкиот министер за надворешни работи ќе има време може да прошета до Ваташа, да види дел од таа традиција“, кажа Пендаровски.

