вторник, 31 јануари 2023
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на просечната нето-плата за ноември 2022, сега изнесува 33.011 денари

Раст на просечната нето-плата за ноември 2022, сега изнесува 33.011 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува 113.3.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (18.7 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17.5 %) и Административни и помошни услужни дејности (17.3 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.5 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.5 %) и Уметност, забава и рекреација (3.1 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2022 година, изнесува 33 011 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП