24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКрипто компанијата Genesis поднесе барање за банкрот: Над 100.000 корисници се изложени...

Крипто компанијата Genesis поднесе барање за банкрот: Над 100.000 корисници се изложени на ризик

Колапсот на Genesis е поврзан со гасењето на крипто берзата FTX, која ги суспендираше операциите на крајот на ноември по наводите за измама. Genesis беше дел од Digital Currency Group, конгломерат кој вклучуваше околу 200 компании. Фирмата беше специјализирана за онлајн тргување со биткоини. На почетокот на месецот отпуштени беа 30 отсто од вработените, а како причина за отпуштањата надлежните ја наведоа оптимизацијата на бизнисот и подоброто позиционирање.

Ефект на бранови

Во јуни минатата година, Genesis беше силно потресен од банкротот на компанијата „Three Arrows Capital“ поради долгови од 1,2 милијарди долари, кои настанаа по пропаѓањето на криптовалутите Luna и TerraUSD.

Genesis, заедно со Gemini, во сопственост на поранешните олимписки шампиони во веслање Камерон и Тајлер Винклевос, се вплеткани во афера чии размери се уште се утврдуваат. Gemini е компанија специјализирана за купување, продавање и чување на дигитални средства. Се сомнева дека криптовалутите на клиентите на Gemini завршиле во вредност од 900 милиони долари на сметките на заемодавачот, Genesis. Инвеститорите ги инвестирале своите дигитални пари како дел од програмата „Gemini Earn“, верувајќи дека ќе остварат профит благодарение на каматната стапка од 7,4 проценти. Првичниот план беше оваа работа да се направи преку Genesis, пренесува BBC.

Браќата Винклвос ги негираат обвинувањата

Минатата недела, американската Комисија за хартии од вредност ги обвини Genesis и Gemini за нелегално тргување со криптовалути и измама на инвеститори. Браќата Винклвос ги негираат наводите на Комисијата и им кажуваат на своите клиенти дека вложуваат огромни напори да ги вратат своите улоги.

Поднесувањето на Genesis за стечај е уште една во низата последици од падот на крипто берзата FTX. Нејзиниот основач Сем Бенкмен-Фрид е обвинет за измама, бидејќи постои сомневање дека инвестираните средства на милиони клиенти ги префрлил без одобрение во хеџ фондот Аламеда. За разлика од инвестициските фондови, хеџ фондовите носат многу поголем ризик, бидејќи вложувањата не се толку сигурни, но носат значително поголема заработка.

Во декември 2022 година, Сем Бенкмен-Фрид беше екстрадиран во САД од Бахамите, каде што беше седиштето на крипто берзата FTX. Тој пред истражните органи ги негираше обвиненијата и беше пуштен со кауција од 250 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП