24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„iPhone“ сепак го следи секое ваше движење, а еве како да се...

„iPhone“ сепак го следи секое ваше движење, а еве како да се заштитите

Секогаш кога барате насоки за возење или препораки за ресторани и активности, повеќето од вашите апликации и услуги веројатно ги користат податоците за вашата локација на еден или друг начин.

Ако имате „iPhone“, постои начин да видите список со најновите локации снимени со помош на услугите за локација на вашиот телефон. Таа опција им овозможува на „Apple“ и апликациите од трети страни да собираат податоци за вашата локација, за да можат да ви дадат насоки и предлози кога ќе ја користите подоцна.

Користејќи GPS и Bluetooth, како и Wi-Fi пристапните точки и локациите на мобилните предаватели, „Apple“ може да ја најде приближната локација на вашиот „iPhone“.

Списокот на вашите следени места е именуван како „Ѕignificant locations“. Услугата е целосно шифрирана, што гарантира дека „Apple“ не може да пристапи до овие податоци, туку се користи исклучиво помеѓу вас (вашиот уред) и апликацијата што ги снима.

Значајните локации може да се вклучат или исклучат во делот „Settings“ на апликацијата. Еве како да ја прегледате и избришете вашата листа на значајни локации:

– отворете го менито „Settings“ на вашиот „iPhone“ со допирање на иконата на почетниот екран,

– изберете „Privacy“,

– допрете „Location Services“,

– Скролајте до дното на списокот со апликации што користат услуги за локација и изберете „System services“,

– кликнете на опцијата „Significant Locations“.

По автентичноста со лозинката или „Face ID“, ќе видите список со места што неодамна сте ги посетиле.

Некои корисници на „iPhone“ во последниве години се жалеа на проблеми со вчитување на оваа функција и прикажување на нивната целосна историја на локација, но во повеќето случаи сè ќе биде во ред.

Допрете едно од вашите зачувани места за да видите карта на локациите што неодамна сте ги посетиле.

Ако сакате да ја исчистите целата историја на локации, вратете се на списокот „Significant locations“, скролувајте до дното на списокот и притиснете „Clear history“.

За да исклучите „Significant locations“, поместете го лизгачот на врвот на списокот „Significant locations“, пишува „Business Insider“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП