26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBentley Mulsanne кабриолет нема да се произведува

Bentley Mulsanne кабриолет нема да се произведува

Bentley-Mulsanne-Convertible

„Bentley“ го претстави концептот „Mulsanne“ кабриолет во 2012-та година на манифестацијата „Pebble Beach“, но токму извршниот директор на компанијата потврди дека нема да започнат со сериско производство на овој модел.

Тој неодамна во едно интервју изјави дека компанијата нема да го произведува споменатиот автомобил затоа што побарувачката за него е само од регионален карактер. Тој истакнал дека компанијата едноставно нема да го прави овој модел за да биде успешен само на некои од пазарите, како што е САД.

Оваа вест е разочарувачка, но нетреба да се заборави дека во текот на претходната година продадени се само 1169 единици на моделот „Mulsanne“, па трошоците за развојот на кабриолетот веројатно никогаш нема да и се исплати на компанијата. Наместо тоа, компанијата ќе се фокусира на развој на новиот кросовер модел кој би требало да биде повеќе популарен од споменатиот кабриолет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП