17 мај, 2024
ПочетнаСВЕТМедведев се заканува со АРМАГЕДОН ако Русија ја изгуби војната во Украина

Медведев се заканува со АРМАГЕДОН ако Русија ја изгуби војната во Украина

Поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев, кој е близок до шефот на државата Владимир Путин, ја предупреди Северноатлантската алијанса (НАТО) дека поразот на Русија во Украина може да предизвика нуклеарна војна, пренесува Ројтерс.

„Поразот на нуклеарна сила во конвенционална војна може да предизвика нуклеарна војна. Нуклеарните сили никогаш не изгубиле големи конфликти од кои зависи нивната судбина“, рече Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.

Одлука на претседателот

Медведев, кој беше претседател на Русија од 2008 до 2012 година, рече дека министрите за одбрана на членките на НАТО, кои утре во базата Рамштајн во Германија ќе разговараат за стратегијата на Западот против Русија, треба да размислат за ризиците од нивната политика.

Русија и САД, убедливо најголемите нуклеарни сили, поседуваат околу 90 отсто од нуклеарните боеви глави во светот. Во Русија конечната одлука за употреба на нуклеарно оружје ја носи Путин.

Русија има 5.977 нуклеарни боеви глави, САД имаат 5.428, а потоа следат Кина (350), Франција (290) и Велика Британија (225), според податоците на Федерацијата на американските научници.

Додека НАТО е супериорен во однос на Русија кога станува збор за конвенционалното оружје, Русија има предност пред Алијансата во Европа кога станува збор за нуклеарното оружје.

Медведев, кој некогаш се претставуваше како реформатор подготвен да соработува со Вашингтон за либерализација на Русија, сега е претставен како највоинствен член на кругот на соработници на Путин.

Запрашан дали изјавата на Медведев укажува на тоа дека Русија ја подигнува кризата на ново ниво, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека тоа „апсолутно не значи тоа“.

Песков рече дека коментарите на Медведев се целосно во согласност со руската нуклеарна доктрина, која дозволува нуклеарен напад по „агресијата против Русија со конвенционално оружје кога е загрозен опстанокот на државата“.

Сличен тон на Медведев употреби и поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, кој изјави дека обидот да се уништи Русија ќе значи крај на светот.

„Го молиме Господ да ги вразуми лудите и да им помогне да сфатат дека секоја желба да се уништи Русија ќе значи крај на светот“, рече во својата проповед патријархот Кирил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП