30 април, 2024
ПочетнаСВЕТВАШИНГТОН ПОТВРДИ: Дел од замрзнатите руски милијарди ќе и бидат предадени на...

ВАШИНГТОН ПОТВРДИ: Дел од замрзнатите руски милијарди ќе и бидат предадени на Украина

Шефот на работната група на американското Министерство за правда за откривање и конфискација на руски имот под американските санкции, Ендрју Адамс, ја потврди намерата на американските власти да и предадат на Украина дел од средствата запленети од Русија.

-Во иднина имаме намера да започнеме со предавање на конфискуваниот имот на Украина. Сакам да нагласам дека ова е релативно нова ситуација, изјави Адамс на семинар во Институтот Хадсон.

Меѓународната група за блокада на руски средства на 29 јуни 2022 година објави дека за 100 дена работа го блокирала имотот на русите, кои беа под санкции поради руската воена операција во Украина, во износ од повеќе од 30 милијарди долари. Американското Министерство за правда објави дека има намера да го искористи целиот запленет имот за потребите на Украина.

Како што пишува „Гардијан“, Украина лобира во Генералното собрание на ОН да создаде механизам што ќе овозможи конфискуваниот руски имот да се користи како ресурс за добивање делумни репарации од Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП