24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАКО КУПУВАТЕ ПОЛОВЕН АВТОМОБИЛ: Список на најдобри и најсигурни автомобили по 100.000...

АКО КУПУВАТЕ ПОЛОВЕН АВТОМОБИЛ: Список на најдобри и најсигурни автомобили по 100.000 км

Купувањето половен автомобил е секогаш коцкање бидејќи, по правило, на сите половни автомобили нешто се шминка, доработува и полира во последен момент, а на продавачите не им е непознато “штелување” на километражата.

Иако секој автомобил е приказна за себе, експертите се обидоа да создадат општа слика за марките на возилата кои се покажаа како најиздржливи и најмалку расипчиви по возење 100.000 км.

Магазинот Auto Bild спроведе маратонски тестови на автомобили од 100.000 километри. После тоа, стручњаците од Декра ги расклопија сите автомобили и ги бараа и најмалите грешки. Неодамна беше објавено кои автомобили не се прославија, а сега HAK Review го носи најдоброто, односно најквалитетното.

10-то место: VW Golf Sportsvan 1.4 TSI Highline

Нема проблеми над 100.000 км, така што тестот беше продолжен на 150.000 км – речиси и да нема проблеми освен за мали нешта (на пр. кука за приколка)

9-то место: Toyota Prius IV

Техниката е одлична, внатрешноста е како нова, само мала ‘рѓа во шуплините на телото

8 место: Mercedes A 220 d

По завршувањето на тестот за издржливост нема сериозни дефекти.

7 место: Mazda CX-5 Skyactiv-D 184 AWD

Само мали недостатоци, перформанси за пофалба, робустен мотор – на крајот корозија под заптивката на багажникот.

6-то место: Suzuki Swift Sport

Првата (безопасна) ‘рѓа се појави на страничните потпори при расклопување; инаку без дефекти.

5-то место: Audi A4 Avant

Внатрешност, завршница, технологија: Audi речиси и да не покажува слабости.

4-то место: Seat Ateca 1.4 Eco TSI Style

Тест-возачите се пожалија дека седиштата може да бидат поудобни на долги патувања; инаку без грешки. Сè уште се чека да ја демонтира Декра (тестот на издржливост е продолжен).

3-то место: Audi A6 Avant sport 40 TDI S tronic

Сензорот за паркирање води до чести пораки за грешка, освен тоа нема никакви слабости.

2-ро место: BMW Z4

Без никакви проблеми, без непланирани посети на сервис, особено без трошење по 100.000 км. Расклопувањето исто така не покажува никакви недостатоци и само мало абење.

1-во место: Audi A3 Sportback g-tron

Погон на ТНГ: ниту еден автомобил не е посигурен од Ауди, 100.000 км без дефекти и оштетувања, дури и по демонтирањето на А3 не покажува слабости.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП