19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Google“ подготвува нешто интересно

„Google“ подготвува нешто интересно

Некои од гласините околу „Google“ минатата година беа за зголемениот фокус на компанијата на хардверот. Така, покрај наследникот на смартфоните „Pixel“, оваа година го очекуваме и првиот телефон на преклопување на „Google“, како и нивниот нов модел на таблет.

Гласините кои почнаа да кружат на мрежата оваа недела укажуваат дека овој интернет гигант подготвува уште еден уред, каков што веќе го претставија компании како „Apple“ и „Samsung“.

Станува збор за мали уреди за лоцирање кои се поставени на вашиот телефон, паричник, чанти или клучеви за да можете да ги најдете доколку се изгубат или украдат.

Во случај на загуба, овие уреди испраќаат сигнали за пребарување, како и приватни идентификатори кои можат да бидат откриени од други уреди на „Apple“ или „Samsung“ (приватноста е загарантирана) за да може да се следи локацијата. Во случај уредот што сакате да го најдете е во ваша близина и не можете да го најдете, доволно е да го активирате звучниот сигнал за полесно да го пронајдете.

„Google“ сега наводно развива свој уред за следење, со кодно име „Grogu“, „Groguaudio“ или „GR10“. Затоа, станува збор за кодни имиња кои, штом (ако) се претстави уредот, може да се променат.

Според „9to5Google“, тим од одделот за развој на паметни уреди „Nest“ е одговорен за неговиот развој, иако тоа не мора да значи дека ќе се продава под тој бренд. Како и слични уреди, гаџетите за локација на „Google“ ќе поддржуваат технологии UWB и Bluetooth Low Energy за испраќање сигнали.

Ако „Google“ навистина го претстави „Groga“, тоа би можело да биде во текот на мај, на нивната годишна I/O конференција, каде што би можеле да дознаеме некои официјални информации за новите телефони „Pixel“, вклучувајќи информации за моделот „Pixel Fold“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП