25 април, 2024
ПочетнаСВЕТВо хеликоптерска несреќа загина украинскиот министер за внатрешни работи(ВИДЕО)

Во хеликоптерска несреќа загина украинскиот министер за внатрешни работи(ВИДЕО)

Најмалку 16 лица, меѓу кои и министерот за внатрешни работи на Украина, загинаа при уривање на хеликоптер во градот Бровари во киевската област.

„Утрово, на 18 јануари, во Бровари се урна хеликоптер на Државната служба за вонредни состојби. Како последица на авионската несреќа загина раководството на МВР: министерот, првиот заменик министер и државниот секретар. Се знае дека вкупно загинале 16 лица, меѓу кои и две деца. Од нив, девет биле во хеликоптерот“, информира шефот на Националата полиција на Украина Игор Клименко.

Тој додаде дека 22 повредени се во болница, од кои 10 се деца.

Сите специјализирани единици работат на лице место. Увидот на местото на настанот е во тек.

Хеликоптерот во кој животот го загуби украинскиот министер за внатрешни работи се урна во близина на зградата на градинката во Бровари во регионот на Киев. Службите за итни случаи излегоа на местото на настанот, изјави заменик-началникот на кабинетот на претседателот на Украина Кирило Тимошенко.

Гувернерот на Киев, Олексиј Кулеба на „Телеграм“ објави дека хеликоптерот паднал во близина на градинка и станбена зграда, а во моментот на трагедијата децата и персоналот на установата биле во градинката.

„Има жртви. Брзата помош, полиција и пожарникари се на терен“, рече тој, пренесе „Гардијан“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП