25 април, 2024
ПочетнаСВЕТПУТИН НАЈАВИ НОВ БРАН НА МОБИЛИЗАЦИЈА!? Може да ги затвори границите за...

ПУТИН НАЈАВИ НОВ БРАН НА МОБИЛИЗАЦИЈА!? Може да ги затвори границите за мажите

Американскиот Институт за проучување на војната објави дека рускиот лидер Владимир Путин може да објави втор бран на мобилизација во наредните денови, можеби веќе на 18 јануари. Оттаму потсетуваат дека портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков вчера најави дека Путин ќе одржи говор во Санкт Петербург по повод 80-годишнината од кршењето на опсадата на Ленинград во Втората светска војна.

Путин сака да користи симболични датуми за да му се обрати на рускиот народ, а некои руски провоени воени блогери забележаа дека тој ќе ја искористи оваа можност или да објави мобилизација или војна со Украина.

Многу се зборува за мобилизација

Претседателот на Украина Володимир Зеленски неодамна во видео обраќање рече дека Русија планира наскоро да објави втора мобилизација. Руски аналитичари и украински претставници сметаат дека наскоро би можело да има нова мобилизација во Русија, но Москва тоа го демантира, пишува германски „Дојче веле“ во опширна анализа.

Непосредно пред Нова година, украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников им се обрати на Русите и ги предупреди дека Кремљ се подготвува за нова мобилизација, па дури и сака да воведе воена состојба во Русија и да ги затвори границите на земјата за мажите. Официјално, делумната мобилизација во Русија, која започна на 21 септември минатата година, се уште не е завршена. Тоа би можело да се случи само откако претседателот Владимир Путин ќе го потпише соодветниот декрет, што до денес не се случило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП