19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Subway“ размислува за продажба

„Subway“ размислува за продажба

Синџирот ресторани за сендвичи „Subway“ размислува за потенцијална продажба што би можела да ја процени на повеќе од 10 милијарди долари, објави „Bloomberg“, цитирајќи извор запознаен со ова прашање.

Процесот е во рана фаза и „Subway“ сè уште може да одлучи да не продолжи со продажбата, рече изворот, кој побара анонимност бидејќи информациите сè уште не се јавни.

„Како приватна компанија, ние не ја коментираме нашата сопственичка структура и деловни планови“, се вели во е-поштата на „Subway“.

„Продолжуваме да се фокусираме на придвижување на брендот напред во нашата трансформација за да им помогнеме на нашите франшизи да бидат успешни и профитабилни“, додаде компанијата.

„Subway“ долго време е потенцијална цел за фирмите со приватни капитал и други корпорации.

Компанијата, со седиште во Милфорд, Конектикат, е еден од најголемите синџири на ресторани за брза услуга во светот со приближно 37.000 локации во над 100 земји. Неговиот брз раст од првиот ресторан отворен во 1965-та година е забавен во последниве години во услови на жестока конкуренција.

Намерите на „Subway“ претходно беа објавени од „Wall Street Journal“.

Во октомври, „Subway“ соопшти дека забележал позитивен раст во текот на изминатите 18 месеци, откако синџирот го обновил својот имиџ со кампањата „Јади свежо“ која вклучува нови рецепти за леб насочени кон подобрување на прифаќањето на синџирот и неговите производи од страна на потрошувачите. Компанијата соопшти дека дигиталната продажба, која вклучува нарачки поставени преку Интернет и преку мобилни апликации, ги поддржала нејзините резултати.

Моментумот би можел да и помогне на компанијата да привлече одреден интерес по тешкиот период во кој се појавија промени во менаџментот, критики од франшизите и пад на продажбата.

„Subway“ е едно од најпрепознатливите имиња во индустријата, а неговите повеќе од 20.000 локации во САД го прават најголемиот синџир ресторани, засенувајќи ги „McDonald’s“. Сепак, недостатокот на шалтери за автомобили влијаеше на неа за време на пандемијата, кога многу ресторани беа затворени.

Компанијата, исто така, се соочи со серија негативно медиумско покривање, вклучително и кога нејзиниот некогашен лобист беше осуден за детска порнографија во 2015-та година. Дополнително, Врховниот суд на Ирска во 2020-та година пресуди дека лебот на „Subway“ имал премногу шеќер за да се нарече леб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП