По обидот да направат сопствен паметен телефон и неславниот крај, сепак „Canonical“ не се откажа од желбата да ги поврзе компјутерот и телефонот.
Во „Canonical“ одлучија да продолжат да работат на проектот и за да го заживеат „Ubuntu Touch“ кој би можел да биде инсталиран на веќе постоечките „Android“ уреди. Корисниците кои со нетрпение очекуваат да ги обноват нивните „Android“ уреди сега може да здивнат. Причината за тоа е што „Canonical“ конечно го објави датумот кога корисниците ќе можат бесплатно да ја превземат инсталацијата за „Ubuntu Touch“ на 17-ти октомври.
Ако овој датум ви се чини познат во право сте, „Canonical“ веќе од порано за тој датум го најави излегувањето на новата верзија „Ubuntu Linux“ која се нарекува „Saucy Salamander“.