19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтрашни сцени на местото каде загинаа 40 патници: се шири густ чад,...

Страшни сцени на местото каде загинаа 40 патници: се шири густ чад, луѓето во паника бараат преживеани (ВИДЕО)

Авион со 72 лица се урна рано утринава во Непал. Според достапните информации, загинале најмалку 40 лица, а се шират страшни видеа од местото на несреќата.

Несреќата се случила во регионот Похара во Непал, а во авионот имало 68 патници, меѓу кои 10 странски државјани, две бебиња и четворица членови на екипажот.

Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат чад на местото на несреќата, како и голем број видно потресени луѓе кои се обидуваат да најдат преживеани.

Стотици непалски војници се вклучени во спасувачката операција на местото на несреќата во клисурата на реката Сети, на само еден и пол километар од локалниот аеродром.

Според објавените информации, 53 патници во авионот се од Непал. Дополнително, регистрирано е дека се качиле пет Индијци, четворица Руси.

Воздушните несреќи не се невообичаени во Непал, поради оддалечените писти и ненадејните временски промени кои можат да предизвикаат опасни услови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП