4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Nissan“ го откри новото лице за GT-R (ФОТО/ВИДЕО)

„Nissan“ го откри новото лице за GT-R (ФОТО/ВИДЕО)

Јапонската компанија „Nissan“ во Токио покажа ажурирана верзија на спортскиот автомобил „GT-R“, а повеќето промени се за освежување на надворешноста. Станува збор за планиран рестајлинг, кој јапонскиот модел го доживува редовно.

Недостигот од глобална модернизација се должи на фактот дека во следните неколку години „Nissan GT-R“ ќе претрпи генерациска промена. Сегашните промени најверојатно ќе бидат последни за сегашниот „GT-R“.

Автомобилот е претставен во две верзии – стандардна и специјална „Nismo“, кои надворешно значително се разликуваат едни од други. Основниот модел има два релативно тенки доводи за воздух напред. Браникот е надополнет со LED светла кои формираат оригинален страничен поглед. Предниот капак комбинира компактни исечоци за дополнителен проток на воздух.

Назад се видливи четири големи издувни цевки, спојлер и големи кружни LED светла. Се вели дека промените направени на надворешноста ја подобруваат надолната сила.

„GT-R“ во „Nismo“ верзијата е опремен со поагресивен бодикит кој е направен од јаглеродни влакна. Верзијата добива нови спортски седишта и заден диференцијал, како и редизајнирана издувна цевка за да ги исполни новововедените прописи во Јапонија.

Под хаубата на автомобилот се зачувани старите мотори – 3,8-литарски твин-турбо V6 со моќност од 570 ks и 632 Nm. Во верзијата „Nismo“, моделот развива 600 ks и 652 Nm. Погонот на сите тркала е преку шестстепен автоматски менувач со двојна спојка. Не се објавени нови бројки за забрзување и максималната брзина.

Суспензијата со адаптивни амортизери е повторно подесена, додека „Nismo“ добива поголеми карбон-керамички сопирачки со дијаметар од 410 mm напред и 390 mm назад. Верзијата со 600 коњски сили) за прв пат има и преден самоблокирачки диференцијал, кој го подобрува управувањето.

„Nissan“ не го ажурираше ниту системот за инфозабава, кој останува со екран на допир од осум инчи со навигација, „Apple CarPlay“ (без „Android Auto“) и звучен систем „Bose“ со 11 звучници.

Во Јапонија новиот „Nissan GT-R“ е веќе во продажба, а напролет ќе се појави и во други земји, пренесува официјалниот сајт на јапонската марка. На локалниот пазар ќе бидат достапни осум верзии. На нискиот крај на спектарот ќе бидат изданијата „GT-R Pure“, „GT-R Black“ и „GT-R Premium“. Моделите со средна спецификација вклучуваат „GT-R Premium“ во издание „T-Ѕpec“, варијантата „Track“ дизајнирана од „Nismo“ и „Track“ базирана на „Nismo- T-Spec“. Овие се надвор од оригиналните деривати на „Nismo“, кои се ограничени на само два – „Nismo“ и „Nismo Special“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП