26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Microsoft“ сака да стане сериозен играч на пазарот на паметни телефони

„Microsoft“ сака да стане сериозен играч на пазарот на паметни телефони

Додека производителите на мобилни телефони полека се свртуваат кон телефони со екрани на преклопување, „Microsoft“ пред неколку години претстави свој паметен телефон со два екрани.

На крајот на 2021-ва година компанијата го претстави вториот модел „Surface Duo“, а за оваа година планираа нова верзија на телефонот со два екрани.

Сепак, според најновиот извештај што го пренесоа технолошките медиуми, тимот од „Microsoft“ се предомислил и се откажал од понатамошен развој на овој тип на уреди.

Наместо „Surface Duo 3“ моделот, „Microsoft“ реши да ги следи трендовите на пазарот на паметни телефони и да претстави смартфон со флексибилен екран. По долгогодишно експериментирање и развој на прототипи, се чини дека компанијата конечно е задоволна од она што го создала и време е да започне со освојување на пазарот на преклопување телефони.

За потсетување, минатото лето се пишуваше дека „Microsoft“ поднел патент за нови телефони на преклопување.

Тоа е можноста за преклопување или, во овој случај, превртување на екранот за цели 360 степени. Тековниот преклоплив уред на „Microsoft“, „Surface Duo“, е познат по тоа што ја има најдобрата шарка на пазарот и се состои од две посебни единици.

Сепак, се чини дека тоа не е доволно, па затоа е поднесен патент за систем кој овозможува превиткување околу целата оска, а сето тоа ја елиминира класичната шарка што постои кај ваквите телефони денес.

Овој пазар е се поконкурентен и сигурно е дека „Microsoft“ ќе мора да понуди нешто сосема уникатно за да се истакне. Добрата работа е што се планираат и подобрувања на софтверот за нивниот мобилен интерфејс подобро да се разликува од многу други „Android“ телефони, а како дел од иницијативата „Perfect Together“, тие сакаат подобра врска и искуство за поврзување помеѓу нивните компјутери и телефоните на „Microsoft“ што работат на „Android“ на сличен начин како што направи „Apple“ со „Mac“ и „iPhone“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП