2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Logitech“ ја намали прогнозата за заработка по слабиот квартал

„Logitech“ ја намали прогнозата за заработка по слабиот квартал

„Logitech International“ објави послаби приходи и профит за периодот меѓу октомври и декември и ја намали својата прогноза за приходите од продажба, со што цената на акциите падна за речиси една петтина во почетокот на тргувањето.

Швајцарско-американскиот производител на тастатури, глувци и друг хардвер како главна причина за резултатите ги наведе тешкото економско опкружување и несигурноста во синџирот на снабдување поврзани со пандемијата Ковид-19 во Кина. Главниот извршен директор Бракен Дарел ја опиша изведбата како разочарувачка.

Прелиминарните податоци за оперативната добивка за третиот квартал покажаа дека таа падна за околу 35% на годишно ниво, на помеѓу 171 и 176 милиони долари. Приходите од продажба се намалија за 22% на помеѓу 1,26 и 1,27 милијарди долари.

Компанијата сега очекува нејзините приходи од продажба за годината до март да паднат помеѓу 13 и 15 проценти по постојани валути, додека претходно прогнозираше пад од 4-8 проценти.

Акциите на „Logitech“ паднаа за 18,6% на отворањето на вчерашниот берзански ден во Цирих.

Дарел коментира дека послабите резултати од очекуваното се одраз на „предизвикувачките макроекономски услови, вклучително и забавување на продажбата на корпоративните клиенти во кварталот“.

Компанијата ја намалува прогнозата врз основа на нејзините резултати и „неизвесноста во достапноста на снабдувањето поврзана со моменталната појава на Ковид-19 во Кина.

Во најновата фискална година на компанијата, ограничувањата за Ковид-19 и дадоа на „Logitech“ највисоки продажби досега во вториот квартал поради силната побарувачка за производи од работа од дома и уреди за игри.

Но, оттогаш, компанијата се бори со забавување на пазарот бидејќи многу од блокадите се укинаа, потрошувачите повеќе не се толку заинтересирани, а трошоците за компонентите и испораката се зголемија, што влијае на профитните маржи.

Аналитичарот на „Vontobel“, Мајкл Фут, коментира дека послабите резултати одразуваат построга макро средина, иако стратегијата на „Logitech“ е здрава.

„Постојаниот товар на инфлацијата и забавувањето на економијата врз потрошувачите ќе продолжат да влијаат на „Logitech“ во наредните квартали. Иако компанијата очигледно не е имуна на влијанието на економските циклуси, деловниот модел останува флексибилен и стабилен на долг рок“, напиша тој во белешката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП