17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија избегна рецесија на крајот на 2022-ра, барем засега

Германија избегна рецесија на крајот на 2022-ра, барем засега

Растот на германскиот бруто домашен производ (БДП) стагнираше во последниот квартал од 2022-ра година, но се зголеми за 1,9 отсто за годината, покажаа податоците во петокот, сигнализирајќи дека најголемата европска економија можеби, барем во зима ја избегнала рецесијата, објави „Reuters“.

Годишниот раст на БДП на Германија ги надмина просечните прогнози од 1,8%, според анкетата на медиумските економисти. БДП-то во 2022-ра година беше за 0,7% повисок од 2019-та година, годината пред избувнувањето на пандемијата на коронавирусот.

„Економското забавување во текот на зимската половина од годината, според нашите сегашни податоци, ќе биде полесно и пократко од очекуваното“, објасни министерот за економија Роберт Хабек во месечниот извештај на ресорот.

Томас Гицел, главен економист во „VP Bank“, рече дека економијата ги победила ниските очекувања, но додаде дека „рецесијата може да биде одложена“.

„Од друга страна, сметаме дека е малку веројатно дека рецесијата воопшто нема да се оствари“, посочува тој.

Рецесијата често се опишува како два последователни квартали на пад на БДП-то, а бројките на Федералниот завод за статистика (Destatis) за нула раст во четвртиот квартал допрва треба да бидат ревидирани.

Податоците претходно во петокот покажаа слично оптимистичка слика во Велика Британија минатиот ноември, кога БДП-то се зголеми за 0,1% месечно.

Според Канцеларијата за статистика на Британија, БДП-то ќе треба да падне за околу 0,5% во декември за да се претвори во негативен раст во четвртиот квартал, доколку се заокружи на првото децимално место и ако нема други ревизии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП