26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕДен кој предизвикува страв: Петок 13 може да се „падне“ најмногу три...

Ден кој предизвикува страв: Петок 13 може да се „падне“ најмногу три пати во текот на годината

Се верува дека овој ден е несреќен и носи лоша среќа.

Стравот од бројот тринаесет се нарекува трискаидекафобија, па кога ќе падне во петок предизвикува дополнителен страв.

Корените на овој страв потекнуваат од христијанството.

Меѓутоа, за разлика од „петок тринаесетти“, во некои култури и обичаи, петок се комбинира со други бројки.

Еве шест работи кои треба да ги знаете за овој неславен ден:

-Се смета дека ова суеверие потекнува од последната вечера на Исус, на која имало 13 луѓе, ноќта пред неговата смрт, која се одржала во петок, а Јуда бил 13-тиот гостин.

-Стравот од петок 13 е толку раширен што психијатрите фобијата од овој датум ја нарекоа трискаидекафобија.

-Американскиот филмски серијал Петок 13, кој се фокусира на трагичните настани од овој неславен ден, го привлекува вниманието на публиката повеќе од четири децении. Досега се снимени 12 дела и многу фанови на една од најуспешните филмски франшизи со нетрпение го очекуваат продолжението.

-Во текот на една година, барем еднаш се случува 13-тиот ден во месецот да падне во петок, додека можно е да се случат три озлогласени петоци во истата година. Во текот на 2023 година, јануари и октомври имаат петок 13-ти.

-И покрај верувањето дека е несреќен ден, некои статистички податоци покажуваат дека на 13-ти петок се случуваат помалку сообраќајни незгоди бидејќи луѓето се повнимателни, поради страв од несреќа.

-Се проценува дека светската економија губи повеќе од милијарда долари секој петок 13-ти, поради тоа што луѓето ги избегнуваат своите вообичаени активности на тој ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП