Сопственикот на „Uniqlo“, „Fast Retailing“, ја задржа прогнозата за профитот и приходите непроменети за тековната фискална година, бидејќи се чинеше дека растот на прекуокеанските пазари ги компензира зголемените трошоци кои произлегуваат од одлуката на компанијата да ги зголеми платите на своите вработени во Јапонија, објави „Bloomberg“.
Оперативниот профит за годината што завршува во август се очекува да достигне 350 милијарди јени (2,7 милијарди долари), се вели во соопштението на компанијата. Просечната прогноза на аналитичарите беше за 357 милијарди јени. Според соопштението, нејзиниот нето приход од продажба ќе биде 2,65 трилиони јени е во согласност со очекувањата на аналитичарите.
Трговецот на мало, кој ги зголеми платите во Јапонија поради забрзувањето на инфлацијата, објави профит од 117 милијарди јени за трите месеци до ноември, пропуштајќи ги предвидувањата за 140 милијарди јени. Приходите од продажба за периодот се зголемија за 14 отсто на 716 милијарди долари. Аналитичарите очекуваа 721 милијарда долари.
Ограничувањата наметнати поради Ковид-19 во Кина, како и загубата во Русија, влијаеле на кварталната добивка, соопшти компанијата.
„Fast Retailing“ планира повеќе да се потпира на растот од пазарите надвор од Јапонија, која се бори со намалување на населението и забавување на потрошувачката, напиша аналитичарката на „Bloomberg Intelligence“, Кетрин Лим.
Кина брзо ја промени својата тригодишна политика за нулта-ковид и на 8-ми јануари повторно ги отвори сите граници без карантин, зголемувајќи ги шансите за зголемена малопродажна потрошувачка во втората по големина економија во светот.
Придобивките од послабиот јен може да се намалат бидејќи јапонската валута зајакна во однос на доларот по одлуката на Банката на Јапонија да ја зголеми горната граница на приносите на обврзниците во декември, зголемувајќи ги очекувањата за промена на монетарната политика.
Цената на акцијата на „Fast Retailing“ падна за 2% во Токио пред финансискиот извештај. Во 2022-ра година вредноста на акциите се зголеми за 23%.