2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорд: Воениот концерн оствари најголемо производство во последните 20 години

Рекорд: Воениот концерн оствари најголемо производство во последните 20 години

Воениот концерн „Калашников“ го надмина планот за 2022 година во производството на оружје за 40 отсто.

Ова е рекорден резултат за последните 20 години, објави компанијата.

Концернот „Калашников“ ги сумираше резултатите за 2022 година. Во однос на исполнувањето на договорите и зголемувањето на обемот на военото производство, реализирани се 45 државни договори, 24 договори од воено-техничка соработка и планирани работи за организирање лиценцирано производство по еден договор. Ова се најголемите договори во историјата на компанијата“, се наведува во соопштението, пренесува Спутник.

Како што е наведено, во сегментот на развој на нови воени и цивилни производи, воспоставување на масовно производство, Калашников ја произведе првата серија снајперски пушки „Чукавин“ 7,62×54 mm.

Овој производ целосно ги исполнува тактичко-техничките задачи на Министерството за одбрана, пишува Спутник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП