26 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНА ОВАА МАЛА ПЛАНЕТА МОЖЕ ДА СЕ ЖИВЕЕ?! МНОГУ Е ​​СЛИЧНА НА...

НА ОВАА МАЛА ПЛАНЕТА МОЖЕ ДА СЕ ЖИВЕЕ?! МНОГУ Е ​​СЛИЧНА НА ЗЕМЈАТА: НАСА на прагот на големо откритие – ги има уште!

Планетата TOI 700 ќе биде детално проучувана од НАСА бидејќи водата може да остане во течна форма, со што е можен живот.

Ова е само еден од неколкуте системи со повеќе мали планети во „зоната за живеење“ за кои знаеме, велат од НАСА, поради што детално ќе го проучуваат системот TOI 700. НАСА пронајде мала планета која орбитира околу ѕвезда која е оддалечена само 100 светлосни години, која е слична на Земјата.

Ја нарекоа TOI 700e и веројатно е карпеста планета која е 5 проценти помала од Земјата. Ова е веќе четврта планета околу малата и ладна ѕвезда од М класа.

Откривањето на сите планети околу TOI 700 се должи на мисијата TESS, која се занимава со лов на егзопланети. Како и 700d, планетата што ја открија во 2020 година, оваа е во потенцијално погодна зона, што значи дека се доволно далеку од својата ѕвезда за водата да остане во течна форма. Што исто така значи дека тие можат, или некогаш можеле, да поддржуваат живот.

„Ова е само една од ретките состави со повеќе помали планети во зоната погодна за живеење за која знаеме“, рече Емили Гилберт од НАСА, додавајќи дека ова го прави TOI 700 одличен кандидат за понатамошно истражување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП