28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„BMW“ претстави автомобил кој менува бои и зборува како човек (ВИДЕО)

„BMW“ претстави автомобил кој менува бои и зборува како човек (ВИДЕО)

„BMW“ претстави прототип на автомобил кој зборува како човек, ги менува боите како камелеон за да одговара на расположението на возачот и нема екрани на контролната табла.

Овој прототип на моделот беше претставен на самиот почеток на оваа година, а директорот на „BMW“, Оливер Зипсе, изјави дека автомобилот ќе започне со производство во 2025-та година. „BMW“ планира да лансира нова линија на електрични возила, која ја нарекува „Neue Klasse“, или нова класа.

Зипсе истакна дека нема да застане на тоа дека овој тип на автомобил е како изложбен примерок, туку дека со конкурентни цени ќе биде дел од „Neue Klasse“ и производството ќе биде сериозно, пренесува „Reuters“.

Една од највпечатливите карактеристики на концептот беше контролната табла која немаше екрани. Наместо тоа, контролната табла има единствен дигитален лизгач кој ги контролира сликите проектирани на шофершајбната на автомобилот. На највисоко ниво, шофершајбната може да прикаже дигитален, виртуелен свет наместо реалноста на градските улици.

„Дигиталното лидерство не е за тоа кој има најголем екран“, рече Зипсе, мислејќи на возилата на „Tesla“, чиј екран со висока резолуција е централна карактеристика на контролната табла.

„BMW“ ја претстави и најновата примена на технологијата „E Ink“. Автомобилот и „Vision Dee“ имаат 240 посебни ќелии во боја кои можат да се менуваат поединечно. Во еден момент, прототипот беше нијанса на светло зелена, потоа длабока виолетова, па црвена со бели тркачки ленти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП