26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците направија проценка за воената моќ на земјите, каде се наоѓа Македонија

Американците направија проценка за воената моќ на земјите, каде се наоѓа Македонија

Според извештајот на американскиот сајт „Global Firepower“, кој ја оценува воената сила на земјите, Македонија е на 108 место од 145 земји.

Како што е наведено на веб-страницата Globalfirepower, повеќе од 60 индивидуални фактори, како што се бројот на воени единици, финансиите, логистичките способности и географијата, се користат за креирање на рангирањето.

Кога станува збор за регионот, Србија е најмоќна во регионот и е на 58. место. Хрватска е на 69. место, Словенија на 86. место, Северна Македонија на 108. место, Црна Гора на 128. и Босна и Херцеговина на 133. место. Косово е на 134. место на листата.

Романија е на 47., Унгарија на 54., Бугарија на 59. и Албанија на 91. место.

Во првите 10 земји на листата се: САД, Русија, Кина, Индија, Велика Британија, Јужна Кореја, Пакистан, Јапонија, Франција и Италија. Украина е дури на 15. место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП