21 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСледниот чекор во развојот на вештачката интелигенција е свеста: „Тоа би го...

Следниот чекор во развојот на вештачката интелигенција е свеста: „Тоа би го засенило сето она што го направивме досега“

Дали сме се поблиску до роботи кои ќе бидат свесни за нивните способности и да парираат со луѓето? Ако ги прашате научниците, прашање на време е кога ќе се појави таков робот.

Свеста, барем што се однесува до роботите, е едно од најразделните прашања во областа на вештачката интелигенција. И додека некои бегаат од таква идеја, за други тоа е токму целта.

Ход Липсон е инженер во Лабораторијата за креативни машини на Универзитетот Колумбија и активно работи на развој на вештачка интелигенција, за која вели дека може да го промени светот и животот на луѓето.

Ако можеме да создадеме машина која ќе има свест еднаква на човечката, таа ќе го засени сето она што сме го направиле досега. Тоа би било поголемо од лек за рак. Таквата машина може сама да излечи рак, изјави Липсон во интервју за Њујорк Тајмс.

Како што додава тој, проблемот не е да се развие технологија, туку како да се дефинира дали нешто (или некој) е свесен. Потоа има цела низа филозофски и етички прашања на кои треба да се одговори – ако нешто е свесно, дали тоа значи дека е живо суштество или не?

Липсон има своја дефиниција за свеста која би можела да се примени и на вештачката интелигенција или роботите – способност да се замисли себеси во иднина.

Во технолошка смисла, ова би значело развој на вештачка интелигенција која не е специјализирана само за една област, туку има широко „знаење“ и која истовремено може да еволуира и да реагира на промените во својата околина. Поточно, да се развие машина која би имала способност да замисли како нешто може да се направи подобро и која би се развивала во насока на исполнување на таа визија.

Липсон е убеден дека ќе се развие свеста во вештачката интелигенција. Прашањето е само кога и како на крајот ќе изгледа оваа „роботска свест“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП