20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмазон најави отпуштање на 18.000 работници

Амазон најави отпуштање на 18.000 работници

Извршниот директор на американската компанија за онлајн трговија Амазон, Енди Џеси, објави дека компанијата планира да отпушти повеќе од 18.000 работници. Џеси ја објави информацијата за отпуштањето на веб-страницата на Амазон, пренесува Ројтерс.

Извршниот директор на Амазон рече дека разговорите со работниците ќе започнат на 18 јануари и дека погодените од отпуштањата ќе добијат помош во форма на отпремнина и поддршка за наоѓање друга работа.

Најпогодени од отпуштањата ќе бидат секторите на онлајн продавницата Amazon Stores, како и секторите за управување со човечки ресурси, се вели во соопштението.

Амазон со седиште во Сиетл почна да отпушта повеќе работници во декември, а извор од компанијата изјави за Ројтерс во тоа време дека 10.000 луѓе ќе бидат отпуштени.

Амазон вработува повеќе од 1,5 милиони работници на глобално ниво и се подготвува за забавување на растот на бизнисот бидејќи зголемената инфлација ги принудува бизнисите и потрошувачите да ги намалат трошоците, според Ројтерс.

Во пресрет на очекуваната рецесија и поради послабите деловни резултати, отпуштања во претходните месеци веќе најави, меѓу другото, и Мета, компанијата во чии рамки работат Facebook и Instagram, од која беше најавено дека ќе отпуштат повеќе од 11.000 работници, како и американската софтверска компанија Microsoft, која најави дека ќе отпушти околу 1.000 од нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП