27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПежо 406: Кога ќе пораснам сакам да бидам Ферари

Пежо 406: Кога ќе пораснам сакам да бидам Ферари

ferari limo

Модификацијата на едно Ферари во ВИП лимузина е скапа инвестиција. Најскап дел во овој потфат е токму автомобилот на Ферари кој се користи како основа за натамошната конструкција.

Украинските специјалисти „Vip-Lim“ пронајдоа начин како да заштедат при конструирањето на Ферари лимузината, а тоа го сторија така што го отфрлија токму Ферари.

Автомобилот Пежо 406 Купе своевремено беше опишуван како Ферари за сиромашните. Нормално, не поради своите возни карактеристики, туку по дизајнот кој беше дело на Пининфарина.

Можеби Украинците на тој начин дојдоа до идеа токму ова купе да го искористат како основа за репликата на продолженото Ферари F430.

Иако лимузината нема да ги прелаже одличните познавачи на моделот F430, но без сомневање поголемиот дел од луѓето ќе сметаат дека станува збор за преправено Ферари, што беше и основна цел на нејзините творци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП