23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПолнач кој ја полни батеријата на телефонот за само 9 минути (ВИДЕО)

Полнач кој ја полни батеријата на телефонот за само 9 минути (ВИДЕО)

Во последните неколку дена, се повеќе и повеќе кружат гласини за потенцијалното претставување на новите модели на телефони „Realme“ на настан закажан за 5-ти јануари.

Иако спецификациите на самите телефони сигурно нема да бидат лоши, деталот кој привлече најголемо внимание е новата, супербрза технологија за полнење од 240 W.

Новиот адаптер ја има ознаката „SuperVOOC“, која обично е резервирана за полначите на „Oppo“. „Realme“ и неговата матична компанија „Oppo“ го делат истиот тим за развој, па останува да се види дали „Realme“ ќе го смени името на полначот и кое име би го користел.

Покрај новиот телефон, најавено е дека ќе биде прикажан и послаб модел со, иако побавно, сепак екстремно брзо полнење од 150W. Послабиот модел ќе има и батерија со капацитет од 5.000 mAh, поголема од онаа во помоќниот модел, пишува „GSMArena“.

Споменатата технологија за полнење е веќе прикажана на саемот „MWC“ во Барселона во 2022-ра година. Иако само како демо верзија, а не беше најавен уред со можност за користење на споменатата технологија, публиката можеше да се увери дека се потребни само девет минути за целосно полнење на батеријата.

Сега кога имаме слика со спецификациите на самиот полнач, како и на телефонот, знаеме како тоа го постигнува, двете ќелии на батеријата заедно ќе имаат капацитет од 4.600 mAh, додека моќноста на полначот 20 A/12 V во телефонот ќе биде прераспределен на два дела, така што вредност од 10 V/24 A ќе стигне до секоја ќелија.

Актуелен рекордер, кога станува збор за технологијата за брзо полнење, е модел на компанијата „Xiaomi“, поточно телефонот „Redmi Note 12 Discovery“, со полнач од 210W. Сепак, индустријата за паметни телефони забрзано напредува, па овој рекорд ќе биде соборен само два месеци по излегувањето на споменатиот модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП