18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако државата штеди и во исто време за гас потроши милион евра...

Како државата штеди и во исто време за гас потроши милион евра повеќе од потребното

Ако се направи споредба со ситуацијата пред една година, кога енергетската криза ескалира како резултат на војната во Украина, цената на природниот гас на берзите во Европа и во светот моментно е на најниско ниво. Без разлика на тоа, македонските државни компании одлучија да не ги следат пазарните услови, туку да се придржуваат до договорени и фиксни цени и притоа за плаќаат повеќе од потребното.

Пример за ова е ЕСМ, која што ќе купи природен гас по цена што е за милион евра повисока од таа на берзите. Како резултат на договорот со бугарската фирма „Балкан Јутилитис“, што подразбира цена која што е фиксирана, „ЕСМ продажба“ за набавка на гас за јануари ќе плати 1.081.000 евра повеќе со вклучен ДДВ.

Ако се анализираат актуелните цени на берзите, кои што периодов се најниски од почетокот на кризата, станува јасно дека цената што „Макпетрол“ ја има испратено до ЕСМ е за 12,2 евра пониска од таа на бугарската компанија. Како и претходно, македонската фирма до државната компанија доставуваше цени во зависност од тоа какви се придвижувањата на берзите, па така, за јануари понудата што ја достави беше од 103.8 евра за мегават час. За разлика од ова, ЕСМ од „Балкан Јутилитис“ купи 33.670 мегават часови, за кои плати 409.000 евра повеќе.

Слични резултати покажува и пресметката преку која се споредува и понудата на „Пром-гас“ до „ЕСМ продажба“. Поради движењата на берзите, цената на оваа македонска компанија сега е 108.5 евра или таа е за 7.5 евра пониска од таа на бугарската фирма. И покрај тоа, ЕСМ преку „Балкан Јутилитис“ купи 61.693 мегават часови за кои ќе плати 458.000 евра повеќе.

Дирекцијата за технолошко развојни зони (ДТРИЗ), исто така, ги прифати условите на бугарската компанија преку која ќе набави 6.554 мегават часови. Како и претходните пресметки, и оваа покажува дека ДТИРЗ на „Балкан Јутилитис“ ќе плати 115.97 евра за мегават час, што вкупно ќе биде 49.000 евра повеќе од тоа што „Пром-Гас“ го понуди.

Ако се земе предвид цената на природниот гас од 1 јануари, што ќе важи до крајот на месецот, пресметано заедно, за наведените три набавки на природен гас државата ќе плати 916 илјади евра без ДДВ, односно речиси 1.1 милион евра повеќе со вклучен данок на додадена вредност.

Во изјава до медиумите, ЕСМ истакна дека и во следните месеци ќе се придржува до условот цената на природниот гас да биде фиксна, наместо променлива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП