На почетокот на 2023 година светот повторно го мачи старата мака, Коранавирусот. Информациите од истокот на светот велат дека повторно во Кина со засилено темпо се шири овој вирус кој во последниве години го промени светот. И кога најголемиот дел од светската популација ја прогласија пандемијата за завршена и тргнаа да живеат по „старото нормално“ по се изгледа дека нема така лесно светот да се спаси од КОВИД 19. Во Македонија засега ситуацијата е под контрола, нешто над 200 заболени ги чекаат последните денови од изолацијата, а нешто под 150 лица се оздравени во последниве десетина дена.
Според светските медиуми, големите кинески градови го поминаа врвот на Ковид додека бранот се движи во руралните области. Најновата студија покажала дека Шангај и Пекинг се некаде на средина на последниот сериозен бран, а само Гуангжу е целосно поминат, но сега на ред се помалите места. Податоците од истражувањето се дека следува период на инфицијарање на граѓаните од Кина кои се населени во помалу развиените населени места, и тоа најдоцна до крајот на овој месец. Познавачите на оваа проблематика предупредуваат дека вирусот може многу брзо да се рашири бидејќи распространетоста ќе биде драматично зголемена поради патувањата кои се очечуваат да се случат за Пролетниот фестивел кој е на 22 јануари.

