Откако слична функција беше воведена пред неколку месеци и отстранета во рок од неколку дена поради незадоволство на корисниците, таа повторно се враќа како „нова“ функција.
Според најавите на Маск, ќе се префрлите помеѓу фидот дефиниран со алгоритам и временската линија на твитови од луѓето што ги следите.
Поактивните корисници на Твитер можеби се сеќаваат на март минатата година кога оваа функција веќе беше воведена. Нејзината цел тогаш беше да го олесни префрлањето помеѓу двете временски линии, т.е. помеѓу најпопуларните и најновите твитови.
Неколку дена подоцна, функцијата беше отстранета поради незадоволството на корисниците поради тоа што Тцитер постојано прикажуваше стари твитови, твитови од луѓе кои не ги следат, твитови што им се допаѓаат на нивните френдови итн. Повратните информации беа јасни.
Сепак, сега „swiping“ повторно се враќа како „нова навигација на Твитер“ и останува да се види какви ќе бидат повратните информации од корисниците и колку долго ќе се задржи „новата“ функција овој пат.