27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСреќна Нова 2023 година!

Среќна Нова 2023 година!

Новата година пристигна. Порталот Денар.мк на сите Ви посакува среќна, успешна и подобра 2023 година.

Истата желба ја имавме и на почетокот на 2022 година. Овојпат се чини дека успеавме да заборавиме на пандемијата и болката која ни ја предизвика во претходните 30 месеци.

Сепак, короната не исчезна – „само“ беше заменета со поголема болка.

Од почетокот на годината не „мирисаше“, но како никој да не сакаше да верува дека тоа е можно. И тогаш, на 24 февруари, започна.

Војна во Европа! Отворена војна меѓу Русија и Украина. „Тивка“ војна меѓу Русија и Западот. Специјална операција. Инвазија. Како и да е.

Илјадници мртви, десетици илјади ранети, милиони раселени и бегалци. Уништена земја, уништени животи, уништена иднина.

И крајот не се гледа. Напротив. Влегуваме во 2023 година под закана од глобален конфликт. И ако не дојде до конфликт, нема да се избегне економскиот хаос на планетата.

Проблемите со енергенсите, синџирите на снабдување, затворените пазари, инфлацијата, рецесијата… се чини дека допрва ќе „плачеме“ по короната.

Сепак, и покрај светските кризи, кои се редат една по друга, а кои не ја заобиколија и нашата кревка држава, се надеваме дека оваа година ќе видиме светло на крајот од тунелот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП