28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИлон Маск е првиот човек во историјата кој изгубил 200 милијарди долари

Илон Маск е првиот човек во историјата кој изгубил 200 милијарди долари

Илон Маск е вториот човек во историјата, по Џеф Безос, кој успеал да акумулира лично богатство од повеќе од 200 милијарди долари, пишува „Bloomberg“. Ова се случи во јануари 2021-ва година. На крајот на 2022-ра година, Маск стана првиот човек во историјата кој изгубил 200 милијарди долари од своето богатство.

Во ноември 2021-ва година, богатството на основачот на „Tesla“ и „SpaceX“ беше проценето на 340 милијарди долари, потсетува „Bloomberg“.

По оваа мерка тој беше најбогатиот човек во светот повеќе од една година во индексот на агенцијата. Денес, пак, неговото богатство се проценува на „само“ 137 милијарди долари по острата девалвација на акциите на „Tesla“ во последните денови и купувањето на „Twitter“ за сума од 44 милијарди долари.

И покрај оваа загуба, 51-годишниот Илон Маск останува еден од најбогатите луѓе во светот, но тој ја загуби челната позиција од францускиот бизнисмен Бернар Арно, кој е ко-основач на синџирот на луксузни стоки „LVMH“. Неговиот бизнис страдаше и во 2022-ра година, но загубите изнесуваа околу 16 милијарди долари.

Севкупно, најбогатите луѓе во светот изгубиле повеќе од 1,4 трилиони долари во 2022-ра година, според индексот на милијардери на „Bloomberg“. Во него се вклучени 500-те најбогати луѓе во светот.

Меѓу главните причини за тоа е колапсот на пазарот на криптовалути, како и војната во Украина, поради која Западот воведе строги санкции кон Русија. Пандемијата на коронавирус сè уште има влијание, особено на состојбата на богатите во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП