3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Erste Group“ го менува својот визуелен идентитет

„Erste Group“ го менува својот визуелен идентитет

„Erste Group“ најави дека целиот нејзин визуелен идентитет ќе биде целосно променет и модернизиран во согласност со „возбудливото деловно поглавје“ во кое ќе продолжи да ја следи визијата на основачите на групацијата, како и верувања и вредности на кои почива.

„Брендот може да биде успешен само долгорочно ако одразува јасни вредности и верувања и живее во согласност со нив. Тоа е она што не направи да се истакнеме од нашето основање, пред повеќе од 200 години. Ги ставаме нашите клиенти во центарот на сè што правиме и градиме еднаков однос полн со меѓусебно почитување со нив. Сакаме луѓето да ги препознаат нашите вредности, да ја почувствуваат оваа наша визија и токму за тоа ќе придонесе нашиот нов корпоративен дизајн на групацијата“, изјави Вили Чернико, претседател на Извршниот одбор на „Erste Group“.

Постепената имплементација, односно воведување на сосема нов изглед на локалниот пазар, ќе започне од јануари 2023-та година.

„Нашата деловна приказна започна во далечната 1864 година во Нови Сад, и во текот на повеќе од 150 години успешен бизнис и адаптација на целната јавност, банката континуирано го менуваше и подобруваше својот визуелен идентитет, покажувајќи ја не само својата флексибилност, туку и подготвеноста да промена“, се наведува во соопштението.

Корпоративниот дизајн на „Erste Group“ е целосно модернизиран и усогласен со новите технологии на дигиталниот свет.

„Погоден е моментот за брендот „Erste“ да направи голем чекор напред со нашиот нов дизајн. Ова ќе го направи нашиот бренд уште попристапен, флексибилен и ориентиран кон иднината“, вели директорот за бренд и комуникации на „Erste Group“, Марио Штадлер.

Новиот визуелен идентитет вклучува оптимизирано лого, нови корпоративни бои и нов фонт. Логото на „Erste“ го задржува својот препознатлив и уникатен карактер, но ќе биде освежен во дизајнот и монохроматски во примената. Резултатот од овие промени е уникатен корпоративен дизајн кој овозможува еднообразно искуство на брендот низ сите канали.

Заслугата за стратешкиот развој на новиот визуелен идентитет има агенцијата „Jung fon Mat“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП