20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвие намирници не треба да ги јадеме на празен стомак, а често...

Овие намирници не треба да ги јадеме на празен стомак, а често ги консумираме наутро

Цитруси

Многу луѓе сакаат да испијат чаша цеден портокал или лимон веднаш штом ќе станат. Сепак, цитрусното овошје може да предизвика киселини, па доколку имате проблеми со желудникот избегнувајте ги во утринските часови.

Банана

Јадењето банана на празен стомак е многу лоша идеја, бидејќи може да предизвика зголемување на шеќерот во крвта, а потоа опаѓање. Резултатот е глад што може да се појави во текот на денот.

Сиров зеленчук

Сировиот зеленчук е богат со минерали, витамини и влакна, но не се препорачува да се јаде како појадок. Кога се зема на празен стомак, создава голем предизвик за нашиот дигестивен тракт.

Јогурт

Не се малку луѓе кои сакаат да испијат чаша јогурт веднаш штом ќе станат. Оваа храна содржи здрави млечни бактерии, но тие не стигнуваат до цревата бидејќи силната стомачна киселина ги убива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП