Познатиот Бразилец Пеле почина на 83-годишна возраст. Тој беше крал на фудбалот и така го нарекуваа до последниот ден. Тој му донесе на Бразил три светски шампионски титули и беше еден од најголемите што некогаш го играле најпопуларниот спорт.
Почина во родната земја, како последица од рак на дебелото црево, со кој се бореше од 2021 година. Последниот месец беше во болница и од ден на ден доаѓаа лоши вести за неговата состојба. Неговиот агент Жо Фрага потврди дека Пеле починал. Пеле на Бразил му ги донесе светските шампионски титули во 1958, 1962 и 1970 година. Засекогаш ќе има дискусии дали тој бил најдобриот фудбалер досега, но ретко кој ќе може да се нарече толку голем шампион.

