18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„ExxonMobil“ се обидува да го блокира вишокот данок на добивка на ЕУ

„ExxonMobil“ се обидува да го блокира вишокот данок на добивка на ЕУ

Американскиот енергетски гигант „ExxonMobil“ ја тужи ЕУ во обид да го блокира новиот данок на вишокот профит во енергетскиот сектор, јавува „BBC“.

Брисел одлучи да го оданочи профитот на компаниите остварени како резултат на енергетската криза и да дозволи овие средства да се прераспределат на потрошувачите кои се жртви на оваа криза.

Сепак, според компанијата, оваа мерка е „контрапродуктивна“ бидејќи ги обесхрабрува инвестициите во секторот и ја влошува инвестициската доверба.

„ВВС“ потсетуваат дека во октомври „Exxon“ пријави профит од речиси 20 милијарди долари за третиот квартал. Според пресметките на компанијата направени во декември, овој дополнителен данок ќе чини повеќе од 2 милијарди долари.

Повеќето нафтени и енергетски гиганти годинава бележат рекордни финансиски резултати и го зголемуваат износот на дивидендите што им ги делат на своите акционери. Со парите, енергетските гиганти спроведуваат и големи операции за откуп на акции и отплата на долгови. Во исто време, повеќето нафтени и гасни компании, исто така, остварија милијарди загуби од отписот на средствата на руските пазари.

ЕК коментираше дека „ги земаат предвид“ коментарите на „Exxon“, но ќе му дозволат на Општиот суд на ЕУ (институцијата со седиште во Луксембург) да донесе одлука за случајот.

Според пресметките на Брисел, приходите од данокот на вишокот профит во енергетскиот сектор ќе донесат 140 милијарди евра. Средствата дојдоа главно од производителите на нафта и гас кои имаат корист од нестабилноста на пазарот по руската инвазија на Украина, како и од производителите на не-гасна енергија кои имаат корист од рекордните цени на електричната енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП