„Volkswagen“ најави дека на почетокот на годината на претстојниот „CES“ во Лас Вегас ќе претстави нов модел, иако „камуфлиран“.
Исто така, германскиот производител вети дека ќе го открие името на новиот модел. Засега знаеме само дека се работи за електричен автомобил од семејството „ID“, а претпоставките од кругови блиски до „Volkswagen“ велат дека тоа е концептот „ID. Aero“, кој може да стане сериски „ID.7“.

